Пристигнаа првите фотки од next-gen FIFA 21, фановите си тераат мајтап

next-gen FIFA 21

EA Sports ги објави првите фотографии од играчите од next-gen варијантата на FIFA 21 за PlayStation 5 и Xbox Series S/X конзолите. Нивото на детали на истите е навистина импресивно, за разлика од начинот на кој тоа го демонстрираа, па очекувано наидоа на „тролање“ од страна на фановите.

Next-gen верзијата на FIFA 21 ќе биде посебна игра во верзиите за PlayStation 5 и Xbox Series X/S конзолите бидејќи ќе се нанпојува со сосема нов engine. Тие изданија пристигнуваат следниот месец, но се уште немаме вистинска слика за тоа како ќе изгледаат. од EA Sports се обидоа да го демонстрираат тоа и да се пофалат со „скриншотови“ од самите фудбалери, а иако делумно успеаја во тоа, истовремено тие фотографии станаа предмет на шега на Twitter.

Во првите фотографии се прикажани двајца фудбалери, а тоа се Трент Александер-Арнолд од Ливерпул и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид. На првиот е демонстрирано напредното осветлување и неизбежната next-gen пот (која стана еден начин за девелоперите да се фалат со своите достигнувања). Освен тоа може да се види и секое влакненце од брадите. На пример, кај Жоао Феликс можно е да се види и напредокот во однос на презентацијата на косата. Секако, подобриот изглед на самата игра нема да поправи некои други проблематични работи во FIFA, па дел од фановите одлучија да си тераат мајтап со прикажаниот напредок.