Првиот човек на МЕСА е нов потпретседател на Европската аматерска еспорт федерација

МЕСА

Македонскиот еспорт со огромни чекори граби кон Европа и европското ниво. Благодарение на МЕСА и младите луѓе кои ги застапуваат интересите на електронските спортови во нашата земја, еспорт организацијата во Македонија расте постојано, а само прашање на време е кога истиот ќе биде рамноправен со останатите спортови во државава.

Сега, Македонија добива свој висок претставник во Европската аматерска еспорт федерација која е под раководство на Светската еспорт федерација, а првиот човек на Македонската еспорт асоцијација, Константин Пејоски е најновиот потпретседател на ЕЕФА за Балканот. Ова е огромна чест, како за МЕСА, така и за македонскиот еспорт, бидејќи јасно ги покажува напорите и намерите на младите ентузијасти да се издигне еспортот во нашата земја на едно врвно, светско ниво. Секако, сето ова ќе има огромен придонес за македонската еспорт сцена, а убедени сме дека МЕСА на најдобар можен начин ќе ја искористи оваа шанса за дополнителна промоција на македонскиот еспорт.

Од редакцијата на GAMER.MK им честитаме на МЕСА и на Константин Пејоски и им посакуваме многу успеси во иднина и секако, да продолжат со одличната работа и застапувањето на македонскиот еспорт и неговото претставување во Европа и светот на најдобар можен начин.