Првите мобилни игри пристигнаа на Netflix

Netflix

Како што беше и најавено, Netfliх ја стартуваше првата фаза од своите мобилни игри. Додуша, засега овој дел од понудата на Netflix е достапен само во тест фаза, и тоа во Полска.

Првите вести за излетот на Netflix во светот на видео игрите излегоа претходно оваа година, па беа потврдени во текот на летото, за сега конечно платформата да ги добие и првите игри кои се всушност направени за мобилни телефони. Мал број на мобилни наслови додадени се во понудата на Nеtflix, а можат да се заиграат на Android уредите. Во понудата се Stranger Things: 1984 и Stranger Things 3, а се покренуваат преку апликацијата на Netflix, иако треба да се преземат од Google Play.

„Се уште сме во прилично рана фаза и не чекува уште многу работа во следните месеци“, тврдат челниците на Netflix и најавуваат нови вести околу проектот во блиска иднина. За официјалното излегување на оваа услуга на Netfliх, сепак, се уште нема точен датум, но се чини дека нема да биде така скоро.