PlayStation играчите добиваат еден куп бесплатни работи во рамки на Play At Home иницијативата

play at home

Sony одлучи да им даде причина за радост на PlayStation фановите за време на карантините предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Нивната Play At Home иницијатива се покажа како полн погодок и им овозможи на луѓето да доживеат врвно гејминг искуство за време на изолациите со цел да се изборат со досадата додека се заглавени меѓу четири ѕида.

Првата „доза“ на Play At Home контентот беше фокусиран на single-player искуствата, а вториот пакет бесплатни игри треба да пристигне нешто подоцна овој месец. Почнувајќи од 17 мај, играчите ќе можат да си добијат еден куп додатоци и дополнителна содржина за некои од најпопуларните мултиплеер игри како Rocket League, Brawlhalla, Destruction AllStars и други.

Дополнително, на 20 мај, Call of Duty фанвоите ќе можат да добијат 5 Double XP Tokens за Warzone со цел полесно да се изборат со карантините. Секако, повеќе XP секогаш е добредојдено.

Комплетната листа на игри за кои можете да добиете дополнителна содржина од 17 мај е следнава – Rocket League, Brawlhalla, Destruction AllStars, MLB The Show 21, NBA 2K21, Rogue Company, World of Tanks, World of Warships, Warframe и Call of Duty: Warzone (достапно од 20 мај).

Симнувањето на овие бесплатни додатоци можете да го направите почнувајќи од 17 мај (понеделник), па се до 6 јуни. Ако сакате да дознаете повеќе детали околу подароците кои можете да ги добиете за секој од овие наслови, тогаш кликнете ТУКА.