PS Now добива блокбастер игри за да му конкурира на Xbox Game Pass

PS Now

Навистина неверојатни игри пристигнуваат на PlayStation овој месец. Во блог постот на Sony е најавена една од најдобрите игри со отворен свет на сите времиња како дел од претплатничкиот сервис на PS Now, заедно со уште неколку феноменални други игри.

Овој јули PlayStation ќе ги додаде Red Dead Redemption 2, Moving Out, Judgment, Nioh 2, Olympic Games Tokyo 2020 и Nascar Hear 5. Игрите на PS Now се лансирани од денеска (6 јули).

Се чини дека Sony сега многу сериозно ја сфаќа заканата од Xbox Game Pass. Оваа услуга на Microsoft се смета за една од најдобрите во светот на гејмингот во моментов, а PlayStation допрва треба да понуди нешто слично од овој калибар и покрај тоа што има голем опсег на одлични ексклузиви. Сега, услугата на Sony ги има Red Dead Redemption 2, како и одличните Nioh 2 и Judgment, што би можело да привлече повеќе претплати меѓу фановите.

Интересно, Red Dead Redemption 2 се нудеше во склоп на претплата, но преку Xbox Game Pass, каде играта можеше да се игра четири месеци, а истиот период се очекува да се задржи и на PS Now. Играта во каталогот ќе биде достапна до 1 ноември 2021 година. Но, треба да се истакне дека нема да може да се стрима како останатите игри, туку ќе мора да се преземе на конзолата. Така што, претплатниците на PS Now кои користат PC нема да можат да ја играат играта.