PS5 продаден во повеќе примероци од PS4 за истиот период и покрај хроничниот недостиг на пазарот

PlayStation 5 Pro

Глобалниот недостиг на PlayStation 5 конзоли и понатаму е хроничен проблем, а тоа значи дека сето она што било достапно досега да се купи веќе е продадено и којзнае кога пак ќе имаме шанса за да успееме да дојдеме до next-gen конзолата на Sony. Но, и покрај тоа, PS5 се продава „како алва“, а за тоа сведочат и јасните бројки кои ги објави Sony.

Според најновиот финансиски извештај на Sony, PlayStation 5 за неполни пет месеци на пазарот е продаден во 7,8 милиони примероци. Овој финансиски извештај се однесува заклучно до 31 март 2021 година, така што до сега сигурно се испорачани уште повеќе конзоли, но во секој случај и овој резултат е за 200.000 повеќе од она што го прогнозираа во јапонската компанија.

PS5

Со оглед на големата побарувачка на PS5 конзоли, може да се каже дека сите тие конзоли се и продадени, но прашање е колку од тие на крајот се дојдени до играчите, односно оние кои конзолите ги користат за играње. Едни се уште чекаат да им пристигне конзолата, а другите имаат за цел да заработат повеќекратно на нив со препродажба, но тоа веќе е сосема друг проблем.

Најголемиот дел од овие 7,8 милиони конзоли е испорачан уште минатата година. Во првите три месеци од 2021 година испорачани се 3,3 милиони PS5 конзоли. Во слична временска рамка, PS5 е испорачан во 200.000 примероци повеќе отколку PlayStation 4 конзолата до март 2014 година.

PlayStation

PS4 уште се држи добро

Кога станува збор пак за постарата конзола, треба да се напомене дека таа се уште добро се држи. Од 2013, заклучно со 31 март 2021, испорачани се вкупно 115,9 PS4 конзоли. Само оваа година испорачани се милион примероци на PS4 конзолата, што е за 400.000 примероци помалку отколку во истиот период минатата година.

Во Sony секако се задоволни бидејќи со појавата на PS5 конзолата расте и бројот на претплатници на PS Plus услугата. Во споредба со истиот период во 2020, на PS Plus се претплатени 6,1 милион луѓе повеќе, односно вкупно 47,6 милиони.

PlayStation

Од друга страна, забележан е пад во продажбата на игри. Во првите три месеци од 2021 година продадени се 3,9 милиони игри помалку отколку во истиот период во 2020 година. Од тоа, Sony продал 1,3 милиони помалку свои игри. Сепак, продолжува растот на дигиталната продажба. Од вкупно 61,4 милиони продадени игри во првите три месеци од 2021 година, 79% се продадени во дигитален облик, што е раст од 11% во однос на минатата година.

PS5

Кога ќе се погледне продажбата на годишно ниво, во периодот од 1 април 2020 до 1 април 2021 за Sony бил најуспешниот период во историјата. Продадени се вкупно 338 милиони игри за PlayStation конзолите, а вкупниот приход од гејмингот изнесувал 24,4 милијарди долари.