PUBG: Battlegrounds е бесплатна за играње една недела

PUBG: Battlegrounds

PUBG: Battlegrounds од 10 август е достапна да се заигра бесплатно во PC верзија. Бесплатното испробување на играта ќе трае цела една недела.

Players Unknown’s Battleground од неодамна доби свое ребрендирање и отсега па натаму ќе го носи името PUBG: Battlegrounds. Но, тоа не е единствената новина поврзана со играта, бидејќи PC верзијата на истата може бесплатно да се игра се до понеделник 16 август до 23 часот. Така што, ако немате планови за викендов, ете ви занимација.

При играњето можете да ги испробате сите содржини и да ги освоите сите награди, а единствено до што нема да имате пристап е in-game продавницата. Целиот остварен напредок, статистиките и наградите ќе ви останат сочувани на корисничката сметка во случај подоцна да ја купите играта.

Некои сметаат дека со ова неделно бесплатно играње на PUBG: Battlegrounds се тестира можноста во иднина насловот во целост да прејде на free-to-play модел. Но, тоа засега не е потвредно и јасно е дека по 16 август повторно ќе се продава по цена од 30 евра.

Во случај да сакате бесплатно да ја пробате PUBG: Battlegrounds, истото можете да го направите на овој ЛИНК.