PUBG представи многу новини со новиот апдејт 9.2

PUBG

Апдејтот на верзијата 9.2 во PlayerUnknown’s Battlegournds донесе нови возила и можност за оган додека возите.

Искрено не сум голем фан на PUBG, така што не ми е сосема јасно како таа игра преживеа три години без можност за пукање додека возиме, Но како викаат подобро некогаш откулку никогаш и сега тоа е можно во верзиите за PC и конзоли. Пукањето за време на возењето ќе работи со сите возила, а меѓу нив сега има и мотокрос, со максимална брзина од 130 километри на час.

Update 9.2 - Now on the Test Server - PLAYERUNKNOWN'S BATTLEGROUNDS

Меѓу другите новини за апјдетот 9.2, вреди да се напомене новата опција Team Finder за пребарување на тимови, а додадена е и можност за разговор со текст во лобито пред почетокот на натпреварот.

Во однос на платената содржина, PUBG полека ги следи стапките на Battlefield и нуди тематски карактери. Првата таква е невестата Sadiya со петнаесет униформи. Кој би рекол пред три години дека програмерите ќе продаваат венчаници за PUBG…