Публиката на Dota 2 The International и понатаму е неизвесна

Dota 2 The International

Најголемиот еспорт настан на годината, Dota 2 The International, почнува за нешто повеќе од еден месец, а Valve се уште не е сигурен дали ќе може да и дозволи на публиката да присуствува на турнирот.

Пандемијата на коронавирусот спречи одржување на The International во 2020 година, поради што сите се надевавме дека оваа година нема да се повтори истата судбина. Турнирот првично требаше да се одржи во август во Стокхолм, но поради лошата организација на шведските власти, која не можеше да им осигура на сите играчи и вработени сигурен влез, како и поради желбата да има присуство на публика, дојде до промена на локацијата и датумот.

Бидејќи станува збор за турнир кој има награден фонд од 40 милиони долари и кој би бил најголемиот во историјата на еспортот, Valve знаеше дека не смее да дозволи нови одложувања, па поради тоа турнирот е префрлен во Букурешт. Повеќе нема дилеми дека TI ќе се одигра од 7 до 17 октомври, но се уште не сме сигурни дали гледачите ќе бидат присутни.

Поради новото зголемување на бројот на заразени, Valve се уште не смее да ги пушти влезниците во продажба. Тие овој викенд ги известија своите фанови дека ситуацијата е специфична и дека се може да се промени во секунда, поради што се надеваат дека наскоро ќе можат да ги споделат сите потребни информации.

Во секој случај, нема дилеми дека Dota 2 The International ќе започне за еден месец, но ние се надеваме дека публиката ќе биде присутна со цел целото искуство да биде комплетно.