📽 Rambo, Stranger Things и Дени Трехо доаѓаат во Far Cry 6

Far Cry Дени Трехо

Far Cry 6 пристигнува следниот месец, а Ubisoft подготви и прилично богат пост-лансирачки програм. Со големиот број бесплатни содржини, како и оној платениот кој ги очекува сите оние кои ќе го купат Season Pass, Ubisoft најави и еден тон нова кросовер содржина, благодарение на што во играта пристигнуваат Rambo, Stranger Things и актерот Дени Трехо.

Ubisoft не откри на кој начин наведените содржини планира да ги уфрли во играта, но истите би требало да пристигнат потполно бесплатно со останатите бесплатни содржини во видот на неделните Insurgency мисии и шесте Special Operations.

Кога станува збор за платената содржина, треба да се напомене дека истата ќе биде бесплатна за сите сопственици на Far Cry 6 Season Pass кој исто така е составен дел од Gold, Ultimate или Collectors Edition, а трите претходно споменати епизоди во кои ќе можеме да заиграме во улогите на најпознатите негативци во серијалот, ќе излезат во периодот од ноември до март следната година. Првата епизода, Vaas: Insanity ќе излезе во ноември. По неа јануари следува Pagan: Control, а последната епизода, Joseph: Collapse би требало да се појави во март.

Far Cry 6 излегува на 6 октомври, а ќе биде достапен во верзии за PS4, PS5, Xbox One, Xbox Series X/S и PC, како и на Google Stadia и Amazon Luna стриминг сервисите.