Riot Games со први најави за новите Valorant агенти

Valorant

Riot објави детали за способностите на идните агенти во Valorant и за тоа како ќе изгледаат, со оглед на тоа дека работат на проширување на различноста во ростерот на карактери.

Valorant е класична FPS игра, но една од главните карактеристики на оваа футуристичка тактичка игра со пукање – поради која се разликува од останатите конкурентни игри – се карактерите и нивните дополнителни способности.

И додека метата за агентите е балансирана по објавувањето на пачот 1.02, се чини дека уште неколку карактери би можеле да се приклучат во играта, со што ќе се доде уште поголема различност во целиот микс, а сето тоа би требало да се случи во блиска иднина.

Имено, во интервју за Eurogamer, директорот на Valorant, Џо Зиглер беше запрашан за дизајнерската работа која се вложува во агентите и нивните соодветни способности, притоа истакнувајќи како Riot им дава приоритет на специфичните функции за одредени агенти.

„Нашата рамка за стартните 11 агенти во нашиот ростер беше да се покријат основните работи околу функциите за познатиот тактички простор на креативен и интересен начин, додека исто така се додаваат нови елементи на повеќе места за да видиме и да го предизвикаме тоа што може да се направи во просторот“, изјави Зиглер, притоа напоменувајќи дека голем број од основите можат да се видат кога ќе се направи паралела со игри како CS:GO и Overwatch.

Новите агенти ќе донесат нови стратегии

Сепак, она што е поинтересно е тоа што Зиглер откри првични детали за тоа што ќе можеме да видиме од престојните агенти и како Riot планира да го прошири тој хоризонт со цел да се осигура дека метата на Valorant никогаш нема да стане досадна.

„Со нашите нови агенти, ние се надеваме дека ќе се прошириме на тоа поле и да предизвикаме некои нови области во тактичкиот простор со што ќе се овозможи создавање на нови стратегии, нови типови на игра. Јас нема да објавам спојлери, но едвај чекам да видам како gameplay-от ќе се развива со овие додатоци“.

Без детални способности да бидат објавени, јасно е дека Riot сака да го ремоделира tactical shooter жанрот, а способностите на агентите ќе играат голема улога во исполнувањето на тие планови.