Riot најавува „риплеј“ и „обсервер“ опција за Valorant

риплеј

Riot Games во последниот „Ask Valorant 3“ блог пост одговорија прашања кои се често поставувани во заедницата. Најмногу внимание привлекоа темите за гледањето на ингејм мечовите, и опцијата на бирање мапа за време на мечмејкингот.

Девелопмент тимот на Valorant веднаш ја одби идејата за секелтирање на мапа. Тие мислат дека таков систем ќе има негативен ефект врз мечмејкингот. Според нив, не само што чекањето за меч значително би се зголемило, оваа промена може да доведе и до поделување на играчите, а тоа би направило дисбаланс во скилот и квалитетот на партиите.


Image Credit: essentiallysports


Riot Games исто така изјавија дека едвај чекаат да го претстават својот риплеј систем, бидејќи тие сметаат дека тоа е неопходна алатка за секоја компетитивна игра. Продуцентот Steven Eldredge истакна дека риплеј системот е многу битен за учење и подобрување на играчите, но и за снимање на смешни и незаборавни моменти.

Следниот систем на кој тимот на Riot Games напорно работи е обсервер клиентот, но тој во моментов е на почетно ниво. Целта е да се усоврши обсервирањето и да се подобри искуството на играчите.

Конкретни датуми за овие проекти не беа најавени, но доколку го следат нивниот досегашен тек на работа, овие надоградби не се далеку!