Riot официјално го потврди новиот MMORPG League of Legends наслов

League of Legends

Riot Games официјално потврди дека работи на MMORPG (Massively Multiplayer Online Role-Playing Game) игра која ќе биде сместена во League of Legends универзумот. Веста се појави на нивната главна страна, кадее Riot повикува девелопери, дизајнери, уметници и продуценти да остават свои податоци со цел да се приклучат во развојот на овој сеуште неименуван проект.

Во декември 2020 година, Грег „Ghostcrawler“ Street ги потврди гласините дека Riot работи на голем нов проект и откри дека станува збор за MMORPG. Сега добивме официјално соопштение.

Покрај објавата на нивната официјална веб-страница, Riot создаде работни места за сите програмери со MMO искуство, како и за дизајнерите, уметниците и продуцентите.

Со оглед на жанрот за кој станува збор, предвидуваме дека ова ќе биде најголемиот проект на Riot досега.

league-riot-mmo1

Riot Games досега постигна неверојатен успех во широк спектар на жанрови на видео игри. Ни донесе MOBA, и во компјутерско и во мобилно издание, игра со карти, авто-борба и тактички стрелец. Покрај овој неименуван MMORPG, во фаза на развој е и RPG базиран на „Ruined King“, кој исто така е сместен во универзумот на League of Legends. Сигурни сме дека нема да не разочараат.