Riot официјално ја претстави Killjoy, новиот Valorant агент

Killjoy

По многубројните објави и шпекулации во Valorant заедницата, Riot конечно и официјално го откри новиот Valorant агент, кој ќе им се приклучи на останатите агенти на почетокот од Act II од првата епизода.

Killjoy конечно пристигна и сега е подготвена да покаже што може да направи. The Genius of Germany, како што е описот на овој агент, е вешта во одбраната на „сајтовите“ од напаѓачите и изолацијата на разни позиции на мапите со креирање на силни choke points. Нејзиниот стил на игра е заснован на контрола и заштита на сите делови на мапата, додека заедно со својата екипа ги решава вообичаените Valorant оружја. Способностите на најновиот Valorant агент, Killjoy, се состои од роботи и останати механички справи.

Нејзините одлики се Turret, Alarmbot, Nanoswarm и ултито Lockdown. Alarmbot овозможува поставување на робот кој ги лови противниците кои ќе се приближат премногу блиску. Кога ќе дојде до својата мета, Alarmbot експлодира, прави штета и ги става непријателите под Vulnerable статус. Метите кои се под Vulnerable статус примаат двојно поголема штета од сите извори.

Со помош на Turret можете да поставите робот кој пука врз непријателите во конус од 180 степени. Turret може да повикан назад во било кој момент. Nanoswarm овозможува исфрлање на граната која не прави ништо се додека не биде активирана. По активацијата, Nanoswarm гранатата пушта агресивен рој на нанороботи кои им прават damage на противниците. На крајот, тука е ултито кое поставува Lockdown машина, која се активира после неколку секунди. Сите непријатели кои биле во радиос на активацијата ќе бидат моментално запрени. Но, противниците исто така ќе можат и да ја уништат Lockdown машината.

Killjoy ќе биде достапна за играње од вторник, 4 август, кога ќе излезе Act II од првата Valorant епизода.