Robin Hood ќе добие своја игра со raytracing ефекти

Robin Hood

Robin Hood, популарниот крал на крадците, се враќа во нова игра, каде што покрај грабежот на богатите и помагањето на сиромашните, тој ќе го гради и одржува селото, како и неговите жители.

Анонсирован симулятор Робина Гуда Robin Hood – Builders Of Sherwood

Robin Hood не е во светот на видео игрите со години, а сега освен во духовната форма на играта Hood: Outlaws & Legends ни пристигнува преку играта Robin Hood: Builders of Sherwood.

Студиото за развој MeanAstronauts денес објави трејлер за претстојната игра за најпознатиот херој, Robin Hood. Како што наведуваат, како крал на одметниците ќе крадеме, ограбуваме и ќе се бориме против тиранијата на богатите, за сиромашниот и угнетениот народ. Покрај тоа, ние ќе ја водиме заедницата и ќе изградиме село во добро познатата шума Шервуд.

Robin Hood: Builders of Sherwood треба да бидат интересна комбинација на отворена акција авантура и игра во која се гради населба од изометрична перспектива. Амбициозно, треба да се признае, и малку сомнително истовремено затоа што зад играта стои компанијата PlayWay, и тие секогаш ни се сомнителни.

Иако датумот на објавување сè уште не е познат, она што е сигурно е дека играта излегува за компјутер и ќе има поддршка за raytracing ефекти.