Rockstar и Video Games Deluxe подготвуваат open-world VR игра

Rockstar

Развојното студио Video Games Deluxe, австралиската екипа која стои зад LA Noire: The VR Case Files, најави дека во соработка со Rockstar ќе работи на нов проект – open-world игра, но прилагодена за VR.

Замислете само GTA 5 да добие свое VR издание. Можеби звучи лудо, но можеби и не е така далеку од реалноста. Имено, LA Noire, која е плод на соработка токму меѓу Video Games Deluxe и Rockstar, веќе доби своja VR верзиja како посебна игра, заедно со ремастер верзиите за PS4 и Xbox One, a тимот кој работеше на овој проект подготвува нешто ново. Засега се знае дека тоа исто така ќе биде VR наслов во open-world стил и ќе станува збор за високобуџетна игра.

Засега не е познато дали ќе биде нешто сосема ново или можеби порт на некоја постара игра за VR уреди. Како и да е, интересно е тоа што Rockstar е заинтересиран за VR пазарот, кое во моментов се покажува како неисплатливо, дури и преку соработнички студија.

Поддршката за VR досега беше навистина сиромашна. Bethesda ја искористи за мал порт на Skyrim и тоа е се, Sony целосно се насочи кон PlayStation 5, а дури од оваа година Valve и Electronic Arts најавија и доставија нешто конретно во овој домен.

Како и да е, од Video Games Deluxe во овој момент се во потрага по дополнителни луѓе за проширување на тимот кој би работел на овој, како што наведуваат, „револуционерен проект“.