Rockstar се подготвува за најава на GTA 6, наскоро доаѓа и првиот трејлер?!

GTA 6

Фановите на Grand Theft Auto веќе подолго време се на „штрек“ и чекаат некаква најава за иднината на серијалот. GTA 5 пристигна пред 7 години, а освен новите верзии на играта, се уште не сме добиле најава за толку очекуваната GTA 6. GTA 5 и GTA Online и понатаму се „рудник за пари“ за Rockstar, па разбирливо е што студиото не сака да брза со најновиот дел. Но, тој самиот по себе е неизбежен, бидејќи гејминг заедницата е во исчекување.

Според најновиот оглас за работа кој го објави компанијата, се чини дека на ова чекање конечно му доаѓа крајот и дека во подготовка е првиот трејлер за GTA 6. Според описот на огласот кој го објавија, Rockstar бара лице кое ќе монтира гејмплеј кадри со цел истите да можат да се користат во онлајн и ТВ кампањи. Јасно е дека им е потребна помош за изработка на тизери и трејлери, но не се наведува аза кои игри ќе се прават тие материјали. GTA фановите ја користат секоја минимална и речиси непостоечка „најава“ за да направат вистински „хајп“ околу тоа дека пристигнува GTA 6, па така ниту овој случај сега не е исклучок.

До тој нов трејлер би можела да помине практично и цела година. Новата верзија на GTA 5 за next-gen конзолите е пред лансирање, а најавата за „шестката“ ќе влијае на нејзината продажба, а Rockstar не сака да си дозволи таков кикс.

Многу поверојатно сценарио е дека Rockstar подготвува трејлер токму за „проширената и засилена“ верзија на GTA 5 за PlayStation 5 и Xbox Series конзолите. Но, постои шанса дека трејјлерот би можел да биде и за GTA Remastered Collection за која се шпекулира во последно време, а според која Vice City, San Andreas и GTA III ќе пристигнат на next-gen конзолите.