Schalke го продава своето место во League of Legends LEC за да го спаси фудбалскиот клуб

Schalke

Долгогодишниот член на најсилната европска League of Legends лига, Schalke 04, сериозно размислува за да го продаде своето место по цена од 20 милиони евра.

Познатиот фудбалски клуб од Германија се приклучи во еспорт универзумот пред нешто повеќе од пет години, со што е еден од најстарите членови и партнери на најсилната европска лига – LEC. League of Legends е веројатно и најголемиот еспорт на светот, а нивните најголеми лиги функционираат по принципот на франшиза, слично како во традиционалните спортови во САД.

Исто како и во германската фудбалск Бундеслига, така ни во LEC на Schalke не му оди баш најдобро. Со заминувањето на најдобриот играч, Upset, кој прејде во Fnatic, се почувствува евидентен пад во формата, поради што размислуваат да го продадат своето место, а чија вредност изнесува неверојатни 20 милиони евра.

Со оглед на тоа дека фудбалскиот клуб е во катастрофална форма, поради која опасноста за испаѓањето од првата лига е огромна, Schalke има неподносливо тешка ситуација и со финансиите. Токму поради тоа сметаат дека продажбата е неопходна. Бидејќи фудбалскиот клуб и понатаму е главен фокус за Германците, тие пари ќе им помогнат многу во обидот да ја поправат ситуацијата во која се наоѓаат.

Со продажбата на тимот не само што ќе направат профит, туку ќе ги сочуваат и сите пари кои им се потребни да се води една еспорт екипа, како и дополнителни 9 милиони долари, колку што вреди котизацијата.

Иако би било огромна штета најдобрата европска лига да остане без име како што е Schalke 04, познато е колку е тешко во денешно време да се дојде до место во оваа лига, па сигурно веќе постои голем број заинтересирани купувачи.