Се појави демо приказ за Call of Duty: Vanguard со сите новитети

Vanguard

Activision објави 10-минутен приказ на една од почетните мисии од кампањата во Call of Duty: Vanguard. Мисијата во Сталинград ја играме како Polinа Petrovа, лик инспириран од легендарната советска снајперистка Људмила Павличенко. Во играта Petrova најпрво е медицинска сестра, но по бомбардирањето на Сталинград ја зема правдата, но и снајперот, во свои раце.

Гејмплејот во Vanguard е отприлика сето она што можете да го очекувате од 18-тиот по ред Call of Duty. Има жестоки битки и тивки елиминирања на противниците, а новитет е и искачувањето. Притоа мислиме на качување по ѕидови, односно по испакнати цигли кои ги има насекаде.

Механиката за искачување по ѕидовите е прилично банална и веројатно ќе се користи единствено во сингл плеер кампањата. Во секој случај, тоа е нешто што сигурно ќе ви остави впечаток во овој приказ, заедно со доста добрите филмски акции во CoD.

Она што можеме да го кажеме е дека Vanguard не изгледа лошо воопшто, па дури и ако е обична копија на веќе видените WWII искуства, сигурно е дека ќе биде меѓу најатрактивните игри досега, барем визуелно.