Се што треба да знаете за NBA 2K21

NBA 2K21

Не е лесно да се предизвикувате самите и да се натерате да бидете се подобри и подобри кога постои недостаток од вистинска конкуренција. Но, и покрај тоа 2K некако успева да го прави тоа со NBA 2K серијата без притоа да има некоја друга кошаркарска игра која ќе „им дише во врат“, а NBA 2K21 повторно би требало да биде една од најдобрите игри на пазарот. Сега, 2К ќе добие и малку дополнителен ветер во грб, благодарение на Xbox Series X и PlayStation 5.

Највозбудливиот дел околу NBA 2K21 лансирањето оваа година е тоа што ќе се одржи на начин додека луѓето ја играат. Со оглед на тоа дека next-gen конзолите не се очекуваат се до крајот на 2020 година, 2К со сигурност нема да чека до тогаш за да ја објави играта. NBA 2K21 сигурно ќе пристигне на актуелната генерација конзоли прво, по што ќе следува и премиера за новите Xbox и PlayStation, кога тие ќе бидат пуштени во продажба.

Кога е датумот на објавување

Кога станува збор за самата игра, NBA 2K франшизата секогаш ги лансирала игрите рано, со тоа што последните четири изданија ги издаваше рано во септември. Со оглед на пандемијата на коронавирусот и ударот кој Ковид-19 го има врз развојот и продукцијата, ќе биде интересно да се види дали 2K21 ќе биде погодена од ова. Фактот дека 2020/21 сезоната ќе започне подоцна (декември наместо октомври), може исто така да влијае на датумот на објавување на NBA 2K21. Сепак, од компанијата се уште не објавиле информации на оваа тема, така што може да се претпостави дека играта ќе пристигне на есен.

Ако се претпостави дека NBA 2K21 ќе се појави во своето вообичаено време, многу е веројатно дека ќе ја видиме како наслов за Xbox Series X и PlayStation 5. Во принцип, спортските игри често се лансирани заедно со новите конзоли, а NBA 2K серијата исто така има таква традиција, со оглед на тоа дека NBA 2K14 беше објавена заедно со PlayStation 4 и Xbox One пред шест години.

За време на PS5 настанот пред неколку дена, имавме шанса за прв пат да погледнеме како ќе изгледа NBA 2K21 за следната генерација конзоли кога кошаркарот на New Orleans Pelicans, Зајон Вилијамсон објави мал gameplay трејлер. Ова потврдува дека студиото работи напорно за да ја објави играта да биде подготвена за игра на next-gen конзолите.

Кој ќе биде на „каверот“ на играта?

Подолго време се шпекулира и за тоа кој ќе се најде на насловната фотографија. NBA 2K го држи ова во тајност. Со оглед на тоа дека Зајон Вилијамсон се најде на фотографијата при PS5 настанот, а и самиот е дел од трејлерот, многумина веруваат дека руки феноменот ќе ја добие таа чест. Сепак, многумина во NBA 2К заедницата веруваат дека таа чест ја заслужува починатиот Коби Брајант, чија смрт претходно годинава беше шок во светот на кошарката.

NBA 2K21

Секако, постои шанса NBA 2K да оди со двете суперѕвезди, со тоа што Вилијамсон ќе се најде на „каверот“ на обичната игра, додека Брајант би се нашол на насловната страна на Legend edition, нешто што се има случувано и претходно. Без оглед на тоа кого ќе изберат, би требало да имаат голем број на опции, со оглед на тоа дека лигата има голем број млади ѕвезди кои нема да одат никаде.

Кои модови ќе се најдат во играта

Обично, NBA 2K содржи голем број на game modes кои овозможуваат да искусите по малку од се во кошаркарскиот свет. Ова нема да биде поинаку и во NBA 2K21, а не е исклучено да видиме враќање на неколку режими кои станаа легендарни во 2K серијалот, вклучително и MyCareer, MyTeam, MyGM и MyLeague, кои се само еден дел. Сепак, луѓето зад NBA 2K сакаат да додаваат нови модови, па не би требало да зачуди ако се одлучат за такво нешто.

Минатата година, насловот конечно ја додаде и WNBA во играта, овозможувајќи им на играчите да играат со 12 WNBA тимови во exhibition модот. И додека ова се чини како одличен потег за играта, имате малку опции со овие играчи, па затоа би можеле да видиме и повеќе режими за WNBA во NBA 2K21. Како и да е, слободно може да се очекува барем еден нов додаток во играта во оној момент кога ќе биде објавена.

Position Lock

Една од најконтроверзните одлуки од страна на развојниот тим во NBA 2K20 е да ги лимитира позициите во MyTeam на тоа што се наоѓа на нивната картичка. На пример, ако картичката на играчот вели дека тој е PF (крилен центар), тој мора да игра на таа позиција на теренот и секоја петорка мора да биде составена од еден играч на петте традиционални кошаркарски позиции (PG, SG, SF, PF и C). Ова не само што ги ограничува гејмерите, исто така не е репрезентативно за еволуцијата на NBA кон кошарка без претходно одредени позиции.

Иако 2К се уште треба да објави какви планови има за промените на MyTeam за NBA 2K21, многумина се надеваат дека ќе добие повеќе соло контент, за почеток. Се очекува и враќањето на evolution, во моментов добро примено од страна на играчите, со цел картичките да можат да напредуваат на повисоки нивоа во текот на играта.

Нова приказна во MyCareer

Иако MyTeam е најпопуларниот мод, а на MyLeague и е потребно најмногу внимание, последните неколку NBA 2K изданија имаа неверојатни MyCareer модови кои имаа за цел на играчите да им понудат интригантна storyline заедно со традиционалната кошаркарска симулација. The Way Back во NBA 2K19 и сагата на Che во NBA 2K20 се покажаа како одличен додаток.

Ова значи дека NBA 2K21 речиси сигурно ќе го следи трендот, а не за друго тогаш поради фактот дека серијата веќе постави едно високо ниво. Xbox Series X и PlayStation 5 ќе им даде шанса на развојните тимови и поголема моќ за да ја покажат својата креативност. The Neigborhood исто така би можел да добие „фејслифт“ или освежување за остатокот од MyCareer делот, а новите конзоли би биле совршено оправдување за да се реосмисли целиот MyCareer дел.

Ќе има ли cross-platform опција

Не така одамна, играчите на спортските игри на Sony и Microsoft системите сонуваа да играат на исти сервери. Но времињата се менуваат, а насловите како Fortnite и Rocket League поставија стандарди кои NBA 2K21 ќе треба да ги следи.

Ова е една од областите кои треба да се следат кога NBA 2K21 ќе биде објавена, а ако се случи вакво нешто, тогаш ќе биде прифатена со задоволство. Развивачите зад NBA 2K21 не зборуваа многу за cross-platform опцијата, но тоа нема да ги спречи фановите да се надеваат на добри вести.