Себ се врати, Сумеил тргнат од ростерот

Себ се врати

„Ладниот офлејн играч, неспоредливата гладна воља на OG, лакад мататаг богот е назад во играта“ е првата реченица од „Себ се врати“ статијата која OG ја објави на нивната официјална страна.

Себ се врати

Себ се повлече како активен играч од OG во јануари 2020 и реши да му помага на својот тим како шеф на перформанси. Како што OG објаснија во нивната официјална изјава, Себ во последните неколку месеци размислувал за својата кариера, како му недостасувало причина, односно нагон за да игра компетитивно. Тој има постигнато повеќе од било кој играч во Dota 2 заедницата бидејќи е двократен TI шамшион, па не му останаа многу предизвици како играч.

Но, тој најде нов поттик за игра. Себ ужива да игра компетитивно велејќи „мене искрено ме вреѓа самиот факт што има тимови кои мислат дека можат да не победат. Арогантниот играч на тоа додаде дека другата причина за која се враќа се неговите пријатели. „Всушност ми недостасуваат многу. Поминавме низ се заедно. Се чини дека секоја партија која тие ја играат а јас не, е мое изгубено време. Уживам да гирам со нив повеќе од било што друго“.

Сумеил не е веќе во ростерот

Еден од најголемите трансфери за оваа сезона беше во јануари, кога америчката супер-ѕвезда Сумеил, од EG, отиде во нивниот ривал OG.

За жал, тој не успеа да го покаже својот полн потенцијал поради пандемијата на COVID-19. OG изјави дека 21 годишниот играч e тргнат од ростерот. Причината не е специфицирана, а ни самиот играч нема дадено никаква изјава во врска со оваа промена, како и за неговата иднина.