Secretlab го лансира специјалното Cyberpunk 2077 гејмерско столче

Secretlab

Secretlab се пофали дека нивните специјално брендирани Cyberpunk 2077 гејерски столчиња сега се достапни за продажба. Во соработка со развојниот тим на CD Projekt RED, Secretlab им овозможува на фановите на најочекуваната игра на годината да го унапредат својот гејмерски „сетап“ со ултимативна удобност. Како бонус, столчето навистина делува како да е излезено од светот на Cyberpunk.

Cyberpunk 2077 гејмерското столче од Secretlab ги содржи најистакнатите елементи од Night City, јасно акцентирајќи ги богатите знаења и историјата во играта, како и главниот протагонист, V. Secretlab гејмерските столчиња се најпознати по својот комфор и гејмерите кои поминуваат повеќе часови во виртуелниот свет често ги избираат токму нив. Со оглед на тоа колку експанзивен се очекува да биде Cyberpunk 2077, дефинитивно ќе ви треба едно комотно столче за да минете низ секој детал на играта.

За да го дистанцира столчето од остатокот од понудата на Secretlab, тимот ја искористи истата неонски жолта боја која се наоѓа во најголемиот дел од маркетингот за Cyberpunk 2077 и официјални лиценцираните продукти. За да се додаде контраст, светлите тиркизни шевови се поставени долж рабовите. На задната страна се наоѓа масивна верзија на логото за chrome rock бендот Samurai, чиј главен пејач е Johnny Silverhand кој во играта е толкуван од страна на Киану Ривс. Secretlab Cyberpunk 2077 столчето содржи cold cure пена, потпирање за грбот по целосната должина и multi-tilt механизам.

Столчето е достапно во ограничени количини

„Заедно со CD Projekt RED дизајнерскиот тим, исцрпивме инспирација од Cyberpunk 2077 и иконските визуелни детали на иднината за да го направиме Secretlab Cyberpunk 2077 Edition столчето. Ги користи дефинирачките елементи на универзумот на Cyberpunk и технологијата на Secretlab 2020 Series и е нешто што мора да го има секој гејмер кој сака да ја комплетира својата колекција со меморијали за Cyberpunk. Не можеме да дочекаме играчите да доживеат вистинска удобност на столчето инспирирано од нивната омилена игра“, изјави Јан Александер Анг, коосновач и извршен директор на Secretlab.

Столчето е достапно сега, но само во ограничени количини, додека пошироката продажба ќе започне со лансирањето на играта кое е одложено за 19 ноември. Titan моделот е наменет за поголемите корисници (помеѓу 175 и 200 сантиметри и до 200 килограми), додека моделот Omega би требало да биде подобро прилагодлив за просечниот корисник.