Шефот на Xbox со критики до Sony за PlayStation игрите кои ги носи на PC

Xbox Sony

Фил Спенсер, неформалниот шеф на Xbox, го критикуваше планот на компанијата Sony поврзан со префрлувањето на старите игри од PlayStation на PC платформите.

Меѓу Microsoft и Sony, односно меѓу Xbox и PlayStation, одамна немало некое јавно препукување или меѓусебно критикување на формално ниво, барем не околу оние традиционалните препирки околу тоа чија конзола е подобра. Меѓутоа, сето тоа сега би можело да се промени, бидејќи од Xbox пристигна еден прилично невообичаен коментар. Имено, шефот на Xbox индиректно го критикуваше Sony и нивнат политика за носење на PlayStation ексклузивите на PC платформата.

Xbox PlayStation

Во своето интервју во пресрет на Е3 саемот, Фил Спенсер не се двоумеше да истакне дека Xbox за PC играчите има подобра пропозиција од PlayStation, иако тој не ја именуваше конкуренцијата директно, сепак прилично јасно беше на кого мисли и на кого се однесува оваа порака.

„Како Xbox екосоставот расте во смисла на содржина и вкупниот број корисници, така станува се повреден за нашите играчи и партнери. Ние во овој момент сме единствената платформа која истовремено лансира игри на конзоли, PC и стриминг услуги. Другите своите игри од конзоли ги префрлуваат на PC со години подоцна, барајќи од играчите не само да го купат нивниот хардвер за тие игри да ги играат порано, туку им наплаќаат и по втор пат за да ги играат на PC. А сите наши игри од првиот ден се на претплата со полна поддршка за крос-платформ играње“, изјави Спенсер.

Оваа изјава е малку необична од повеќе причини. Пред се, Спенсер е познат по тоа што заговара единство меѓу играчите и смета дека успехот на конкуренцијата е добра работа за целата индустрија на видеоигри, а со оваа изјава дефинитивно ќе покрене жестоки расправии.