Серијата Lord of the Rings го доби датумот за својата премиера

Lord of the Rings

Lord of the Rings серијата на Amazon заврши со снимање и доби датум за премиерата која ќе пристигне за една година.

Снимањето на серијата од светот на LOTR вчера и официјално заврши. Сега следува фазата на постпродукција, но барем повеќе не би требало да има одложувања и паузирања на проектот поради Ковид-19. Воглавно, Amazon во оваа прилика го објави датумот на премиерата за својата исчекувана серија.

Lord of the Rings серијата ќе ја гледаме од 2 август 2022 година, а првиот поглед на истата можеме да го видиме на приложената фотографија. Не е познато за кој лик станува збор, но се знае дека тоа е извадок токму од првата епизода. Епизодите ќе излегуваат на неделна база, секој петок, а ќе можат да се гледаат ексклузивно на Prime Video. Серијата се опишува како епска драма, а ќе ги следи случувањата кои се одвиваат илјада години пред случувањата во филмовите, во време кога владее мир во Middle Earth.

Фановите на франшизата ќе можат да уживаат во серијата бидејќи истата ќе има неколку препознатливи ликови, но ќе не запознае нас и со некои нови. Треба да се напомене дека серијата, чиј развој започна уште во 2017 година, се уште нема официјален назив. Засега единствено се знае дека ова ќе биде најскапата серија во историјата на телевизијата. Amazon се обврза да искешира минимално 465 милиони долари за нејзиниот комплетен развој. Но, тоа е всушност ситница наспроти она што фирмата го заработи среде пандемијата.