Новата Battlefield доаѓа оваа есен, и ќе биде најголемата досега

battlefield

Electronic Arts уште еднаш потврди дека новата игра од серијата Battlefield ќе пристигне следната есен и ќе биде поголема од која било порано.

Rumour: Battlefield 2021 will be set in the near future with drones and robotics

Студиото EA го објави својот финансиски извештај за деловната активност на крајот на 2020 година, а исто така беше можност да им се објасни на инвеститорите за планот за иднината. Значаен дел од планот е за есента 2021 година. Electronic Arts оди на новота Battlefield и уште еднаш е потврдено дека играта ќе биде објавена пред крајот на оваа година и ќе биде претставена наскоро – оваа пролет.

Се вели дека оваа Battlefield ќе биде претставенa во невидени размери, со битки во кои учествуваат повеќе играчи од кога било досега. Играта се развива за да ги искористи хардверските придобивки на новите конзоли, но не е потврдено дали ќе биде ексклузивна само за новата генерација или ќе се појавува и на постарите конзоли.

Исто така, останува нејасно дали ова ќе биде Battlefield  од 80 евра или дали играта ќе добие некој друг формат. По примерот на серијалот Call of Duty, видовме дека Warzone не ја изгуби својата популарност со доаѓањето на Black Ops Cold War, и прашање е дали има доволно простор на пазарот за успех на игрите со висока ценовна бариера .