Се појави снимка од фантастична Superman игра која никогаш нема да ја играме

Superman

Голем број девелопери, но и луѓе за кои создавањето на видео игри претставува хоби, веќе започнаа да си играат и да експериментираат со новата генерација на Unreal Engine, давајќи ни увид во тоа како би можеле да изгледаат игрите во иднина. Една кратка снимка од токму таква игра со Superman се појави на социјалните мрежи.

Снимката која можете да ја видите во прилог за жал не е официјална Superman игра која е во развој. Всушност, немаме информации дека било каква игра со познатиот суперхерој на DC е во развој. Но, ако такво нешто постои и притоа се развива во Unreal Engine 5, тогаш истата без дилеми ќе биде графички доста атрактивна. Токму видеото кое можете да го погледнете ни дава слобода да кажеме такво нешто. Станува збор за снимка на еден девелопер кој со експериментирање во UE5 постигна импресивен приказ на Superman.

I’ve been fooling around in Unreal Engine 5, dreaming of a modern Superman game from gaming

Секако, ова е само еден во низата експерименти на она што и онака е најлесно да се направи во една Superman игра. Летот воопшто не претставувал проблем во таквите игри, туку борбата и останатите механики кои во ова видео за жал не се прикажани. Сеедно, ова е доказ колку Unreal Engine 5 во својот најосновен облик може и на девелоперите кои експериментираат да им понуди нешто што уште од почеток на визуелно ниво е слично на високобуџетните игри.

Затоа, сега не ни преостанува ништо друго освен да се стрпиме уште околу две години, поточно до 2023 година, со цел да ја добиеме првата игра на овој „енџин“.