Snoop Dogg се обиде да стрима на Twitch, па полуде по неколку минути

Snoop Dogg

Познатиот рапер Snoop Dogg се појави на Twitch, но неговото присуство траеше само околу 15 минути, пред да полуди и да направи rage-quit и да ја испцуе играта која ја играше.

Раперот Snoop Dogg е познат и страствен гејмер, особено кога станува збор за играта на EA, Madden, но раперот не уживаше баш за време на својот последен стрим додека гејма. Познатиот музичар одлучи со светот да го сподели своето играње на Madden 21 во стрим кој го нарече Sit Back, Relax and Chill It’s a Vibe In Here. Но, покрај очекуваниот чад (знаеме од што) неговиот последен Madden стрим траеше 14 минути, пред противничкиот тим да постигне три тачдауни во првото полувреме, по што Snoop Dogg полуде (по што самиот назив на стримот стана навистина ироничен)

Но, и покрај неговиот rage-quit и не баш соодветното однесување, тој заборави да го заврши стримот, па преносот продолжи во следните седум часа. За работите да бидат поиронични, стримот во кој Snoop Dogg технички ништо не стримаше, на крајот беше погледан од повеќето други стримови кои се емитуваа на Twitch во тоа време.