Пристигна интересен трејлер со кој е најавена четвртата сезона во Call of Duty: Warzone

Warzone

На 17 јуни започнува четвртата сезона во Call of Duty: Warzone, а за време на Summer Game Fest стримот откриени се нови информации за популарниот battle royale наслов.

Трејлерот не запознава со главните модови кои пристигнуваат со новата сезона, како и зомбињата, новите оператори, мапите, оружја и многу други работи. Слично на тоа, откриено е дека компетитивната сезона во Warzone ќе се одржи на 22 и 23 јуни.

Интересно, Verdansk – кој најпрво беше прегазен од зомбиња, а потоа беше бомбардиран и стана дел од оживувањето на акционите херои од 80-тите години – сега повторно ќе се најде во центарот на уште една катастрофа почнувајќи во четвртата сезона, благодарение на сателитот кој се заканува да се урне на Земјата.

Барем така покажува новиот трејлер. По грабнувањето на Adler и повлекувањето во Verdansk, нов негативец се појавува со планови се појавува со планови да дојде до вредни информации базирани во вселената со тоа што ќе урне сателит.

Покрај новите Warzone промени на мапата, очекувајте и неколку нови мултиплеер мапи во Black Ops Cold War кои ќе пристигнат во четвртата сезона, вклучително и Collateral во 6v6 или 12v12, Amsterdam во 2v2 и враќање на Hijacked 6v6. Со ова се потврдуваат претходните шпекулации дека Hijacked се враќа од Call of Duty Black Ops 2.