Sony ги најави термините за дел од PlayStation 5 ексклузивите

Sony PlayStation 5

Компанијата Sony на годинешното издание на Consumer Electronics Show (CES), кое се одржува исклучиво во дигитален формат, не пристигна со некакви конкретни и бомбастични најави, но затоа открија кога можеме да очекуваме некои од PlayStation 5 ексклузивите кои се дело на thirt-party девелопери.

Сите оние кои се одлучија за време на лансирањето да се подноват со PlayStation 5 конзолата, со право се прашуваат кога ќе пристигнат новите игри за PS5. Отприлика знаевме дека на пролет пристигнува Rathect & Clank: Rift Apart, како и Returnal, додека во втората половина од годината треба да пристигне Gran Turismo 7, заедно со Horizon Forbidden West. Но, Sony сега сподели неколку „рамковни“ термини и за другите најавени PlayStation 5 игри.

На крајот од видеото кое е подготвено за CES Саемот, Sony со ситни букви најави термини за 10 игри, а тоа се:

  • Returnal – 19. 3. 2021.
  • Kena: Bridge of Spirits – 3. mjesec 2021.
  • Solar Ash – 6. mjesec 2021.
  • Little Devil Inside – 7. mjesec 2021.
  • Stray – 10. mjesec 2021.
  • Ghostwire Tokyo – 10. mjesec 2021.
  • Ratchet & Clank: Rift Apart – 2021.
  • Horizon Forbidden West – 2021.
  • Project Athia – 1. mjesec 2022.
  • Pragmata – 2023.

Интересно, во видеото не се прикажани наслови како Gran Turismo 7 и God of War: Ragnarok, а причината за тоа навистина не е позната. Само се надеваме дека не станува збор за некакви проблеми, па првичните датуми и термини сега да се неизвесни. Како и да е, и овие термини кои се објавени треба да се земат со доза на резерва. Пандемијата на Ковид-19 го забави развојот на игрите бидејќи голем број девелопери работат од дома, па поради тоа реално е да с еочекува од оваа листа барем една третина од игрите, ако не и половина од нив, да бидат поместени за 2022 година.