Sony ги објави бесплатните PS Plus игри за март

Sony PS Plus

Sony ги најави бесплатните игри кои PS Plus претплатниците ќе ги добијат за март. Она што се шпекулираше во претходниот период, се покажа како точно и сега е официјално потврдено. Имено, Final Fantasy VII Remake во рамките на PlayStation Plus понудата во март ќе биде бесплатна за сите претплатници.

PlayStation официјално ја претстави понудата за бесплатни игри за PS Plus претплатниците за март, а истата овој пат содржи дури четири наслови. Покрај веќе споменатиот мега хит на Square Enix, Final Fantasy VII Remake – чија бесплатна верзија нема да го опфаќа и бесплатниот next-gen апдејт за PlayStation 5 – во март бесплатни ќе бидат и VR хитот Farpoint, а пристигнуваат уште и Remnant: From the Ashes како и PlayStation 5 насловот Maquette.

Сите наведени игри ќе бидат достапни во периодот од 2 март до 5 април. Ако земеме предвид дека со прилично квалитетната PS Plus понуда во текот на март не очекува и бесплатен примерок на PS4 ексклузивата Ratchet & Clank – која ќе биде достапна за сите во рамките на Play at Home иницијативата, без оглед дали сте или не сте PS Plus претплатник – слободно можеме да кажеме дека пред PlayStation играчите е уште еден фантастичен гејминг месец, а од Sony заслужуваат пофалби за својот гест.