Sony го слави лансирањето на PS5 пред продавница на Microsoft

Sony PS5 Microsoft

PlayStation 5 конечно пристигна во Европа, а со тоа и во Македонија (тие што го нарачаа на време, го нарачаа, другите не го чекајте), а Sony направи нешто навистина специјално да го прослави сето тоа. Конкретниот случај се однесува на Велика Британија. Имено, легендарните симболи на копчињата на конзолата го преплавија Лондон, па така, познатите знакови за лондонското метро со круг сега се украсени и со „иксот“, „триаголникот“ и „коцката“.

Погледнете и самите во прилог за што точно станува збор. Штета што мал број на луѓе ќе можат да ги видат овие знаци во живо поради новите рестриктивни мерки во Велика Британија, но сепак интересна идејата е на Sony.

Интерересно, зарем не? Уште поинтересно е тоа што еден од овие знаци се наоѓа веднаш пред една продавница на Microsoft. Не велиме дека Sony намерно сака да го засени Microsoft за време на нивното лансирање на PS5, но навистина е забавна коинциденција и голем број луѓе го забележаа тоа.

Тешко дека станува збор за намерен гест, бидејќи оваа продавница на Microsoft е лоцирана кај Oxford Circus, што само по себе е идеална позиција за ваков маркетинг, а продавницата на Microsoft сигурно не е една од тие причини. На крајот, Microsoft продавницата е само „колатерална штета“ во оваа кампања на Sony за PS5, но во секој случај е навистина смешно и интересно, се додека не се започне некоја војна за тоа која конзола е подобра.