Sony и официјално ги најави двете нови бои за DualSense PS5

DualSense PS5

Конечно пристигна официјалната потврда за она што сите PlayStation фанови го чекаа – пристигнуваат нови бои за DualSense PS5 контролерот. Sony и официјално ги најави новите контролери и првиот впечаток е дека истите се спектакуларни. Она што привлече најголемо внимание, секако, е црната верзија на контролерот, кој фановите го посакуваа уште од лансирањето на конзолата.

Покрај црниот, Sony лансира и Cosmic Red варијанта исто така. Оваа темно црвена верзија ќе пристигне истовремено со црната, Midnight Black варијанта, но датумот на лансирање варира зависно од локациите, a глобалната продажба започнува од јуни оваа година.

Освен новите бои, Midnight Black и Cosmic Red DualSense PS5 контролерите немаат никакви поинакви или дополнителни карактеристики ниту новости во однос на контролерите кои веќе се во оптек. Секако, белиот DualSense останува стандарден модел на контролерот кој ќе пристигнува во пакет со самата конзола.

Двајцата дизајнери од тимот на Sony, Лео Кардозо и Сатоши Аојаги, зборуваа околу изборот на бои на PlayStation блогот каде што беа претставени новите контролери. Кардозо истакнува дека „целта на Sony е секогаш да најде дизајни кои ќе ги изненадат фановите, а овие нови бои се резултат на екстензивниот процес на селекција. Ние сакавме новите бои за контролерите да се комплементираат меѓу себе, како и оригиналниот DualSense контролер и PS5 конзолата, па ги дизајниравме боите околу тематиката ‘галаксија’ со оглед на тоа дека ни се чинеше како природна прогресија од оригиналниот PS5“.

„И Midnight Black и Cosmic Red имаат субтилна синa нијанса, која произведува уникатни нијанси на црвено и црно. Сината нијанса исто така е присутна и кај DualSense контролерот, па сите три бои се комплементираат одлично“, истакна Аојаги.