PlayStation патентира технологија која може комплетно да ги смени open-world игрите

PlayStation

Неодамна откриениот патент поднесен од страна на Sony Interactive Entertainment наведува дека компанијата во моментов работи на технологија која во целост ќе го промени начинот на кој имаме интеракција со open-world игрите.

Како што открива Gaming Route, Sony поднел патент за „AI-генерирани внатрешно околини“. Патентот е поднесен минатата година, бил објавен минатиот месец. Но, што тој всушност значи?

Според описот на патентот, Sony развил метод за „користење на трениран machine learning модел за да се заклучат внатрешните податоци за физичките објекти врз основа на надворешните податоци“. Исто така се напоменува дека „внатрешните податоци што ги опишуваат заклучените внатрешни структури на физичките објекти и генерирање на виртуелната околина со помош на податоци за екстериерот и ентериерот“.

Не, не сте единствените кои не можат да го разберат описот. Нам ни звучи дека Sony има развиено метод за генерирање на објектни ентериери базирани на нивните екстериери што ќе се користи во open-world игрите. Како што може да се види од фотографијата од патентот во прилог, изгледа дека методот ќе ги скенира информациите од надворешноста на објектот со цел да генерира целосно реализиран ентериер.

Нема дилеми дека овој метод ќе има и други корисни намени кога станува збор за генерирањето на пејзажите и градењето на отворените светови, но идејата за вештачка интелигенција која генерира целосни ентериери во објектите може да има и голема импликација врз истражувањето во видео игрите. Патем, причината поради која ретко гледаме open-world игри со голем број на ентериери кои се достапни за истражување е поради тоа што е потребно многу време и труд за дизајн, па ова може да биде голем чекор за надминување на таа пречка.