Sony ја откри листата на PS Plus игри за август

PS Plus

Она што по грешка беше најавено пред неколку дена, сега е и официјално потврдено. Sony ја откри поставата на бесплатни игри кои претплатниците на PS Plus ќе ги добијат за август.

Инаку, на официјалната страница на PlayStation пред неколку дена ненадејно се појави листата на игри кои ќе се делат со PS Plus претплатата за август. По нечија грешка, подароците се појавија онаму каде што најмалку смееше, па оттаму и очекувано беше денес оваа листа на игри да биде потврдена.

Така, игрите кои PlayStation Plus претплатниците ќе си ги добијат следниот месец се Hunter’s Arena: Legends, која ќе биде исклучиво наменета за за PlayStation 5, додека Plants vs Zombies: Battle for Neighborville, како и Tennis World Tour 2 ќе можат да ја играат и корисниците на PS5 и на PS4.

За овие игри немаме што да кажеме премногу, освен за Tennis World Tour 2 која доби исклучително лоши критики и рецензии, а и навивачите се мошне разочарани за PS Plus понудата, не само поради оваа игра, туку и за останатите. Сепак, дел сметаат дека вреди да и се даде шанса на Plants vs Zombies: Battle for Neighborville, но во секој случај разочарувањето преовладува, бидејќи играчите сметаа дека ќе добијат повеќе игри од ААА продукција.