Sony ќе започне со производство на редизајнираниот PS5 во 2022

PlayStation 5 апдејт

Нов извештај тврди дека Sony ќе започне со производството на редизајнираниот PS5 следната година, но тоа нема да го промени надворешниот изглед на конзолата. Снабдувачите кои се дел од производствениот ланец на PlayStation 5 наводно добиле известување дека производството на новиот модел на конзолата ќе започне веќе во 2022 година.

Ова го наведува DigiTimes кој го напоменува производителот на полупроводници TSMC како една од компаниите која се подготвува за новата фаза од животниот циклус на PS5.

Playstation 5

Но, пред да се залетаме сите со тоа дека ќе пристигне „слим“ верзија на конзолата, треба да се нагласи дека тоа најверојатно нема да биде случајот. Всушност, редизајнот многу веројатно воопшто нема да влијае на надворешниот изглед на конзолата. Имено, редизајнот се однесува на интерниот хардвер на конзолата и со него ќе се направи промена која ќе му овозможи на Sony подобро да се снајде со глобалниот недостиг на полупроводници, а исто така и да ја намали потрошувачката за производство.

PS5

DigiTime пренесува дека редизајнот ќе вклучува полу-персонализиран 6nm CPU креиран од AMD. Актуелните PS5 модели користат 5nm CPU. Ова може да се толкува и како една од многуте неопходни реакции кои производителот ќе ги направи со цел да го анулира недостигот на компоненти за производство на PlayStation 5.

И покрај тоа што Sony PS5 конзолите се ужасно тешко достапни, 7,8 милиони луѓе сепак успеаја да си се снабдат со конзолата до крајот на минатата фискална година. Тоа е нешто подобро од бројот на PS4 конзоли продадени во текот на првите четири месеци од животот на претходната генерација на PlayStation.