Sony најави next-gen PlayStation VR, со PS5 карактеристики

PlayStation VR

Следниот PlayStation VR пристигнува, кој ќе добие и next-gen хардвер, сличен на оној кој пристигна со PlayStation 5. Засега се уште нема конкретен датум, но од Sony потенцираа дека истиот нема да пристигне во 2021 година.

Од PlayStation на својот блог пост напишаа: „Продолжуваме да бидеме иновативни со нашиот нов VR систем со цел нашите фанови да можат да продолжат да уживаат уникатни искуства кои се синоним за PlayStation. Го земаме она што го научивме од лансирањето на PSVR на PS4 со цел да развиеме next-gen VR систем“.

Новиот PlayStation VR ќе донесе поддршка за повисока резолуција и поширок агол на гледање. Од Sony истакнуваат дека тој физички ќе мора да се спојува со PlayStation 5, што е разочарување за оние кои очекуваа бежичен уред, но добрата работа е што нема да ви требаат „еден тон“ кабли, туку само еден.

Но, не е само хедсетот кој ќе добие унапредување за PS5. Не, наместо тоа, Sony ќе лансира целосно нов хардвер. Конкретно, PlayStation VR од новата генерација ќе пристигне со целосно нов Sony VR контролер. Од Sony велат дека овој контролер ќе биде насочен кон ергономичноста и ќе користи некои од главните карактеристики на DualSense контролерот за PlayStation 5.

„Една од работите за кои сме највозбудени е нашиот нов VR контролер, кој ќе инкорпорира некои од клучните компоненти и карактеристики кои можат да се најдат кај DualSense контролерот, а фокусот ќе биде ставен и на далеку подобра ергономија“.

Кога станува збор за стариот PlayStation VR, Sony со него заврши уште во 2019 година, но наведуваат дека до крајот на 2021 година оваа платформа ќе биде испратена во пензија со некои нови наслови како што се Sniper Elite VR, After The Fall и Humanity.