Sony најавува дека недостигот на PS5 ќе продолжи и во 2022

Sony PS5

Се чини дека глобалниот недостиг на PS5 конзоли нема да биде решен во брзо време, а ова доаѓа директно од најсигурното место за ваква информација на светот.

Според извештајот на Bloomberg, Sony им открил на група аналитичари дека проблемот со испораката на PlayStation 5 конзоли би можело да се реши дури во 2022 година. Според финансиските извештаи на компанијата од април, Sony успеал да продаде 7,8 милиони единици до 31 март, додека таргетот за фискалната година е 14,8 милиони единици. Целта е одредена во согласност со продажната шема на PS4, кој досега е продаден во 115,9 милиони единици.

„Не мислам дека побарувачката се намалува оваа година, па дури и ако обезбедиме многу повеќе уреди и произведеме повеќе единици на PS5 следната година, нашата испорака нема да биде во можност да се соочи со побарувачката“, изјавил извршниот финансиски оперативец на компанијата, Хироки Тотоки, на брифингот на кој присуствувале неколкумина аналитичари.

Компанијата има проблеми да се соочи со екскплозивното ниво на продажба на PS4 поради актелните Ковид-19 рестрикции, како и глобалниот недостиг на полупроводници. За жал, TSMC, најголемиот производител на полупроводници, заедно со други производствени гиганти како Continental AG,, Renesas Electronics Corp. и Foxconn Technology Group предупредија дека недостигот би можел да потрае подолго од првичните очекувања.

Хироки Тотоки им открил на аналитичарите дека Sony ќе направи се што е во негова моќ за да го забрза производството и да ја доведе конзолата во продавниците најбрзо што може.

„Продадовме повеќе од 100 милиони единици на PlayStation 4 и со оглед на нашиот удел на пазарот и репутацијата, не можам да замислам побарувачката да опадне така лесно“, изјавил Тотоки.