Sony не ги заборава PS4 корисниците и ќе им подари хит игра

Sony PS4

Од Sony уште еднаш одлучија да бидат дарежливи со цел да им помогнат на играчите полесно да го издржат престојот во затворен простор, а овој пат нивниот фокус се PS4 корисниците.

Технолошкиот гигант минатата година среде пандемијата на коронавирусот покрена иницијатива наречена Play At Home. Целта на оваа иницијатива беше да им се олесни престојот на луѓето во затворен простор, а за таа цел на сите заинтересирани сопственици на PlayStation 4 конзолите тогаш им доделуваа нешто постари игри како Journey и Uncharted: The Nathan Drake Collection.

Со оглед на тоа дека карантините се на сила во голем број земји и оваа година и покрај тоа што започна вакцинацијата, од Sony повторно одлучија да ја активираат Play At Home иницијативата. Така, во рамките на истата сега ќе се доделува култната игра Ratchet & Clank. Оваа игра сите Sony PS4 корисници ќе можат да си ја додадат во својата колекција од 1 март оваа година, па се до 31 март, а кога еднаш ќе ја додадете во вашата колкеција, останува во ваша сопственост засекогаш.

Понудата ќе важи и за сопствениците на PlayStation 4 конзолите, но и за оние кои имаат PlayStation 5. Притоа, треба да се напомене дека оваа понуда нема никаква врска со претплатата на PS Plus, односно играта можат да си ја набават бесплатно сите корисници, па така и оние кои не се претплатени.

Секако, оваа акција си има и своја причина и позадина. Од Sony со овој потег сакаат да ја промовираат Ratchet & Clank франшизата пред излегувањето на новата игра на PS5 конзолата, а од компанијата велат дека ова е само почеток на Play At Home иницијативата и дека во следните недели ќе подарат уште неколку игри.