Sony откри како ќе изгледаат борбите во PS5 ексклузивата Returnal

Returnal

Sony и студиото Housemarque открија неколку нови детали за престојната PlayStation ексклузива Returnal и изгледот на борбите во играта.

Според актуелниот распоред, научнофантастичната игра Returnal е следната ексклузива за PS5 конзолата. Со оглед на тоа дека до лансирањето на овој наслов остануваат само два месеци, Sony полека почнува да ги открива деталите за истата, а најновите информации се поврзуваат со борбите и вооружувањето во играта.

Пристигна и првиот трејлер кој го прикажува сиот арсенал на оружја со кои ќе располага главната протагонистка Selene на странската вонземјанска планета Atropos. Оружјата ќе се делат на оние кои Selene ги донела со себе и на егзотични, односно вонземјански. Со користењето на оружјата ќе се вклучуваат посебни модификатори за секое оружје. Пример, со едно оружје можете да отклучите дополнителен loot од непријателите или да активирате заштитна бариера за вашиот лик. Модификаторите ќе можат да се надоврзуваат едни на други, а комбинирањата ќе остават простор за некои ефектни последици.

Играта вкупно ќе има 10 главни оружја од кое секое ќе има алтернативен мод на пукање и околу девет различни модификатори. Во Returnal оружјата често ќе се појавуваат, по според дизајнот на играта, главната протагонистка ќе може да носи само едно оружје истовремено, па играчот ќе мора добро да внимава за кое оружје ќе се одлучи.

Интересен е и составот на купување на chekpoints преку валута наречена obolites која можете да ја потрошите или за втора шанса, или во замена за помоќни предмети.