Sony откри кои се најсимнуваните игри на PS5 и PS4 во 2020

PS4 PS5

Call of Duty: Black Ops Cold War е најсимнуваната PS5 игра во САД, Канада и Европа во 2020, велат најновите информации кои ги сподели Sony. Истата игра е најсимнувана и на PS4 во САД и Канада, додека во Европа таа чест ја има FIFA 21.

PlayStation Blog денеска ги сподели деталните статистики кои се однесуваат на перформансите на игрите за симнување на PlayStation 4 и PlayStation 5 во текот на 2020 година. Топ 10 листата и за PS4 и за PS5 е сочинета пред се од популарни ААА наслови, иако поредокот е малку изненадувачки. Всушност, сега веќе старата GTA 5 го освои второто место на PS4 во САД и Канада, додека FIFA 21 и FIFA 20 ги освоија првите две места на PS4 во Европа. Modern Warfare исто така ја победи Black Ops Cold War на PS4 во Европа – што е шокантно откритие кое може да биде загрижувачко за иднината на играта на конзолите од претходната генерација.

Интересно е да се посочи и фактот дека играчите во САД, Канада и Европа на PlayStation 5 имале ист вкус кога станува збор за првите три игри на листата, па оттаму и на првите три места во Северна Америка и Европа се најдоа исти игри, а промените почнуваат од четвртата позиција, каде Американците и Канаѓаните ја избрале NBA 2K21 next-gen пред FIFA 21, која е фаворит во Европа. Со PlayStation 4 ситуацијата е малку поинаква, како што ќе забележите и во прилог.

Ова се комплетните листи за PS5 и PS4 најсимнувани игри во 2020 година

PlayStation 5 игри (САД/Канада – Европа)

  • Call of Duty: Black Ops Cold War – Call of Duty: Black Ops Cold War
  • Marvel’s Spider-Man: Miles Morales – Marvel’s Spider-Man: Miles Morales
  • Assassin’s Creed Valhalla – Assassin’s Creed Valhalla
  • NBA 2K21 Next Generation – FIFA 21
  • Demon’s Souls – Demon’s Souls
  • Madden NFL 21 – Watch Dogs: Legion
  • FIFA 21 – Immortals Fenyx Rising
  • Sackboy: A Big Adventure – NBA 2K21 Next Generation
  • Immortals Fenyx Rising – Sackboy: A Big Adventure
  • Watch Dogs: Legion – Tom Clancy’s Rainbow Six Siege

PlayStation 4 игри (САД/Канада – Европа)

  • Call of Duty: Black Ops Cold War | FIFA 21
  • Grand Theft Auto V | FIFA 20
  • Call of Duty: Modern Warfare | Grand Theft Auto V
  • Minecraft | Call of Duty: Modern Warfare
  • Ghost of Tsushima | Call of Duty: Black Ops Cold War
  • The Last of Us Part II | Minecraft
  • NBA 2K21 | NBA 2K20
  • NBA 2K20 | The Last of Us Part II
  • Final Fantasy VII Remake | The Witcher 3: Wild Hunt
  • Madden NFL 21 | Red Dead Redemption 2