Sony веќе планира лансирање на PlayStation 5 Pro

PlayStation 5 Pro

Во моментов владее глобален недостиг на PlayStation 5 конзоли, но тоа не ги обесхрабрува главните луѓе во јапонскиот гигант Sony да бараат нов начин за заработка и веќе планираат нов модел. Судејќи според шпекулациите кои се појавија, PlayStation 5 Pro веќе е во план.

Треба да се нагласи дека ова не е потврдено од страна на Sony, туку деталите пристигнуваат од уредништвото на Moore’s Law is Dead каналот кој се занимава со технолошки информации. Том, еден од новинарите, во текот на Sacred Symbol + подкастот беше запрашан дали има информации околу тоа дали Sony планира да лансира помоќна PlayStation 5 конзола која би го добила суфиксот Pro, по примерот на конзолата од претходната генерација. Тој го потврди тоа и истакна дека конзолата пристигнува наскоро, напоменувајќи и дури дека датумот на излегување треба да биде некаде во текот на 2023 година.

PlayStation 5 Pro сигурно би пружил поголем генерациски скок во однос на оној кој го видовме од PS4 на PS4 Pro, но тоа значи и дека би требало да чини значително повеќе во однос на постоечката актуелна конзола од новата генерација. Според зборовите на новинарите, новата конзола би можела да биде поскапа од 600 долари.