Раперот Soulja Boy не се откажува од сонот, подготвува нова конзола

Soulja Boy

Се чини дека раперот Soulja Boy се враќа во производството на конзоли, откако неговиот прв обид пропадна поради закани од големите компании во индустријата.

Soulja Boy се обиде да влезе на пазарот со конзоли во 2019 година кога ja најави Soulja Game Console, но појасни дека неговиот бизнис план е насочен кон продавање на ребрендирани конзоли за видео игри и „реновирани“ технолошки додатоци како главна карактеристика. Амбициите на раперот беа згаснати кога доби неколку закани за тужби, но Soulja Boy сега се враќа со „целосно нова конзола“.

Според новиот Twitter акаунт Soulja Game Console, раперот „произведува целосно нова конзола од нула со целосно нов дизајн“. Освен ова, ништо друго, како што е цената или датумот на објавување, не е познато.

Instagram профилот на Soulja Game Console објави и неколку фотографии од она за што се претпоставува дека би можело да биде Soulja Game Console 2. Очигледно, ништо не е сменето, со оглед на дека на фотографијата е поставен PlayStation 2 контролер како стои врз бела конзола која изгледа како Xbox One S или Xbox Series S.

Самиот Soulja Boy се уште не се огласил во јавноста околу постоењето на неговата нова „фамозна“ конзола, а и ние едвај чекаме да видиме што нуди таа негова „целосно нова конзола“ и колку тоа ќе биде реално, откако во 2018 година беше откриено дека продавал кинески конзоли со емулатори. Кој знае, можеби Soulja Boy знае многу повеќе отколку Google и Amazon кои мака мачат да се спротистават на Xbox и Sony.