Стартува Clash Royale турнирот на МЕСА

Clash Royale

Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) продолжува со своите турнири во Fortnite, Clash Royale, Dota2 и CS:GO оваа есен во рамките на големиот настан MESA Autumn Gaming Month.

Сега на ред пристигнува популарната игра за мобилни телефони Clash Royale. Оттаму и повикот до сите мобилни гејмери за пријавување на настанот, со што најдобрите играчи на Clash Royale имаат шанса да ги покажат своите знаења и вештини. Вреди да се напомене дека учеството на турнирот е бесплатно, а пријавувањето трае до утре (17 ноември) до 18:00 часот, така што побрзајте ако сакате да си го обезбедите вашето место, бидејќи останува уште многу малку време.

Извлекувањето на бракетот ќе биде објавено утре (17.11.2020 година) во 21:00 часот, а право на пријавување имаат сите играчи кои имаат македонско државјанство.

Кога станува збор за самиот турнир, истиот ќе се игра со Tournament Rules, односно левелот автоматски се качува на 9 за двајцата играчи. Се игра во Classic режим и секој играч си има свој дек на карти, кој пак е фиксен кон еден противник. Промени можат да се направат откако ќе победите за следната партја. Сите игри се играат во BO3, односно во три добиени. Претходно е важно да имате направено декови и да бидете подготвени за игра и да започне на време.

За повеќе информации кликнете на следниот ЛИНК, а за пријавување кликнете ТУКА.