Стигна новиот Дота 2 пач 7.27

Дота 2 пач

Уште пред неколку недели IceFrog ни вети нов Дота 2 пач, а вчера доцна во ноќта тој пристигна. Oвој апдејт на играта својот фокус го насочува кон генералните промени и промените на ајтемите, со тоа оставајќи ги хероите потполно нечепнати. Во овој артикл ќе ги погледнеме поголемите и побитните промени кој секој играч треба да ги знае.

Генерани промени во Дота 2 пач 7.27

Зголемување на gold и exp за убивање енеми херои

Многу професионални Дота 2 играчи се жалеа дека голдот и exp-то добино од убивање на енеми херои, особено во ерли гејмот беше премал. Поради оваа причина во предходниот Дота 2 пач видовме многу фармање и фарм билдови, за разлика од динамични гејмови со многу убиства. Првата линија од новиот пач ни кажува дека тоа ќе се смени. Во продолжение мала листа од генералните промени и реакции од професионалците.

Промена во контролата врз Outpost

Се сеќавате на времето кога можевте скришум да отидете до непријателсикот Аутпост за да украдете екпириенс? Епа заборавете го тоа! Пачот 7.27 кажува дека барем првиот exp ќе биде даден на секој од тимовите, и дека тие ќе може да имаат контрола и да фармаат безбедно во нивната шума до 10 минута. Но, тоа не важи доколку некако успеете да ја загубите вашата втора кула до 10 минута.

Ајтемс промени во Дота 2 пач 7.27

Blitz Knuckles

Нов обичен ајтем беше претставен во новиот пач. Се вика Blitz Knuckles, дава +35 attack speed, чини 1000 голд и ви треба за споујвање на Monkey King Bar и Shadow Blade.

Necronomicon

Најскршениот итем на овој пач е конечно н’рфнат. Сепак, не е до степен да го донесе ајтемот на дното, но неговата ефикасност ќе се намали и порано н’рфот на Helm of the Dominator.

Helm of the Dominator

Еден од најзначајните промени на овој пач е на Helm of the Dominator. Тој веќе не е аура ајтем и придонесува бенефити само на „доминираниот“ крип. Ова има огромен импакт на херои кои со себе имаат цела „зоолошка“ како Lycan и Beastmaster. Причината за која Lycan имаше најголем вин-рејт од сите херои, повеќе се должеше на овој ајтем отколку на Necronomicon заради таа некогашна аура. Иако нема никакви промени вез хероите, претпоставуваме дека ерата на зоoлошката заврши!

Од друга страна, дали професионалците ќе го вратат стариот TI освојувач „ИО кери“ со овој нов хелм?

Blade Mail

Пред многу години во ерата на Дота 1, ретурн демиџот од Blade Male беше пасивен. Погодете што, повторно е така! Сега ќе се однесува како магијата Retaliate на Centaur, но ќе биде така за сите видови на демиџ.

Hand of midas

Дали поради сите нерфови на ајтемите за фармање ќе се вратиме назад во времето каде што имаше по 3+ мидаси од тим? Ние мислиме да, а исто и моментално најдобриот тим во Европа.

 

Ова се само промените кои се позначајни. Во наредниот период очекуваме многу промени и балансирање. Доколку сакате да ја видите целосната листа на промени кликнете тука.