Team Secret е победник на Beyond Epic: Europe & CIS

Team Secret

На Beyond Epic: Europe & CIS му дојде крајот, а во последниот ден наместо три играше само еден тим. Team Secret е победник!

Lower-bracker финале

Денот го отворија Team Secret и Team Liquid со BO3(Best of 3) во lower-bracket финалето борејќи се за реванш против Team Nigma кој ги чекаше во Grand Finals. Иако Team Liquid беа оние кој ги испратија Secret во финалето, ова не изгледаше ништо како предходниот дуел. Првата партија Liquid едвај успеаа да изгребат 3 кила, а втората партија не беше ништо подобра каде што речиси цело време шампионот беше во водство и финализираше победа со 2:0.

Grand final – Team Secret vs Team Nigma

Финалето донесе повеќе возбуда, имаше долги партии со „Рипери“, надпросечно долги тепачки и огромен колеж низ текот на сите партии. Team Secret на предходните 5 турнири покажаа неспорни победи во финалето со 3:0, па овој пат се понадевавме бидејќи паднаа во lower-bracket тоа нема да биде случајот. Но, иако Nigma имаа преку 10,000 нет-ворт водтсво во првата партија не успеаа да го претворат успешен хај-граунд напад, а со тоа го изгубија водството. На тим како Secret тоа му е повеќе од доволно за да сврти партија, а токму тоа и беше случајот. Но ова е само врвот од мразулецот, наредната партија беше уште понеизвесна и траеше цели 75 минути.

Во втората партија Team Nigma имаа водство од 20,000, две бутнати хај граунд страни и преку 5 Рошани во нивна полза. За жал дури ни тоа не е доволно да се победи великанот. По 75 минути тепачки, надитрување, бајбеци, Nigma не успеа да ја бутне третата страна на Secret. Изгледаше како тимот да изгуби трпение, а Secret токму тоа го чекаше. Со една лоша тепачка на Nigma, ултра-кил на Ludwig ‘zai’ Wåhlberg’ со Queen of Pain од 3та позиција, излегоа GGто на Team Nigma.

Третата партија беше комплетно еднострана. Нигма психички паднати, а Matumbaman полн себе како повторно го победува својот поранешен тим кој го избрка, тој ја стави јагодата врз шлагот во гејм 3. Неговата Урса со скор 20-2-11 ја затвори партијата а со тоа и финалето, правејќи го Team Secret повторно шампион со 3:0 победа.

За Team Nigma играњето во финале е голем напредок, бидејќи минатиот период тие едвај победуваа тиер-3 тимови.

Team Secret е победник на последните 6 турнири, во кои сите победи се со 3:0 резултат:

Дали некој ќе успее да го запре овој вин-стрик?