Терминатор и Сара Конор пристигнаа во Fortnite

Terminator

Терминатор Т-800 и храбрата Сара Конор се подготвени за нови кампањи на островот Fortnite.

NEW TERMINATOR + SARAH CONNOR Skin Gameplay in Fortnite! (FUTURE WAR  Bundle) - YouTube

Козметичка колекција од 5тата Сезоната на Fortnite станува сè побогата и побогата. Овојпат, Epic Games навистина се обиде да испорача што е можно повеќе скинови инспирирани од популарната култура, филмови и други видео игри.

Многу ликови веќе се приклучија на Островот Fortnite, како што се Predator, Mandalorian, Kratos од серијата God of War и Master Chief од франшизата Halo. На ред дојдоа Терминатор и Сара Конор.

Ликот Терминатор првпат се појави во истоимениот филм на Џејмс Камерон во 1984 година. Улогата на Сара Конор ја игра Линда Хамилтон, додека Терминатор улогата ја игра Арнолд Шварценегер. Терминатор оттогаш ја прошири својата франшиза и доби голем број продолженија.

За жал, не постои задача што можете да ја решите за да ги добиете овие скинови бесплатно. Скинот на Сара Конор и Т-800 можете да ја купите во Item Shop, по цена од 1.800 и 1.500 V-Bucks. Доколку ја сакате целата колекција, можете да ја купите во пакет издание по пониска цена (2.800 V-Bucks). Колекцијата ги вклучува и ексклузивните T-800 Endoskeleton Arm и HK Skynet Uplink, како и Combat Knife pickaxe скинот.