Tetris Effect: Connected пристигнува како екслузива за Xbox

Tetris

Tetris Effect: Connected доаѓа на Xbox, објави девелоперот Enhance Games во четвртокот за време на изложбата на Xbox Games. Играта ќе биде достапна на Xbox One и Xbox Series X со Smart Delivery и преку Xbox Game Pass. Новата верзија е наречена Tetris Effect: Connected и носи нова мултиплеер опција.

Новата Tetris ќе остане ексклузивна за Xbox со месеци. Следното лето, експанзијата на Tetris Effect ќе го донесе режимот мултиплеер, како бесплатен апдејт, до PlayStation 4, а за Windows PC преку Epic Games Store и Oculus Quest. Играчите ќе можат да учествуваат во нови режими, како Zone Battle, која ја носи на ново ниво традиционалната игра 1-на-1 тетрис преку механиката за застој во зона, позната во Tetris Effect, се вели во соопштението.

Во режимот Connected, до три играчи ќе можат да играат заедно како еден против шефови што се контролирани од процесорот“.

Cross-play опцијата ќе биде достапна помеѓу сите платформи на Xbox.