The International 10 доби официјален датум!

TI 10

Valve конечно го објави датумот на долгоочекуваниот The International 10. Најголемиот Dota 2 настан ќе се одржи во Стокхолм, од 5 до 15 август. Кој ќе го подигне Ејџисот на Шампионите оваа година?

По скоро 2 години пандемија, The International конечно се врати во LAN формат. Првенството ќе има групна фаза, која ќе трае од 5 до 8 август. Главниот настан ќе трае од 10 до 15 август, кога најдобриот тим ќе ја освои титулата 10-ти TI шампион и нивниот удел од огромниот награден фонд од 40.018.195 американски долари.

Valve сè уште нема објавено детали за самиот формат на турнирот, ниту информации за публиката. Компанијата додаде дека прави се за да ја направи средината што е можно побезбедна за играчите, вработените и публиката и дека ќе објави дополнителни новости на оваа тема во текот на месец јуни.

Што се однесува до претплатата на Battle Pass, Valve потврди дека оваа година нема да го добиеме класичниот Battle Pass, но дека подготвува 2 различни настани за нас, следејќи го примерот на многу успешната Diretide од 2020 година. Првиот настан ќе се појави кон средината или крајот на јуни, додека вториот ќе пристигне веднаш по TI.