The International 10 наградниот фонд надмина 20 милиони долари

TI10

Годинешниот Battle Pass продолжува со уривањето на рекордите. Имено, наградниот фонд за TI10 ја надмина границата од 20 милиони долари за рекордно кратко време.

Како што налага традицијата во изминатите години, така и оваа, кога Steam Summer Sale ќе се појави, секогаш со себе носи и големо намалување на Battle Pass нивоата, со што наградниот фонд нагло се искачува. Само еден ден пред почетокот на распродажбата, разликата меѓу годинешниот и минатогодишниот фонд беше 500.000 долари, а за само еден ден разликата се зголеми за десет пати, односно 5.000.000 долари!

Трката за најголемата награда во еспорт историјата стигна од тоа да биде неизвесна трка, до тоа TI10 да има огромно водство пред почетокот на јули. Наградниот фонд за TI10 успеа да достигне 20 милиони долари 19 дена побрзо од минатогодишниот Battle Pass и над 30 дена побрзо во однос на оној од 2018 година.

Во потера по најголемата награда во историјата на еспортот

Доколку продолжи ваквото темпо на раст, се очекува TI10 да го собори минатогодишниот рекорд и тоа за неколку милиони долари. Но, фактот дека турнирот е одложен за следната година малку ги менува работите и позициите. Големата продажба дефинитивно помогна во собирањето на наградниот фонд, но останува да се види дали и понатаму Battle Pass играчите ќе продолжат да трошат пари како и досега, со оглед на тоа дека голем број корисници се жалат дека наградите не се подеднакво добри како што беше случајот во минатите години.

Цената на еден Battle Pass Bundle, кој на играчите им носи 120 Battle нивоа, девет Immortal Treasure I, шест Immortal Treasure II и три Immortal Treasure II за само 29,99 долари. Треба да се напомене дека секој играч може да купи максимално два пакети. Ова секако ќе го ограничи големиот раст, но сигурно нема да опадне се додека Battle Pass Bundle не биде повлечен од распродажба на 29 јуни.

Како и да е, доколку TI10 Battle Pass продолжи со истото темпо како оној од минатата година, наградниот фонд дефинитивно ќе достигна најмалку 37 милиони долари, а сумата од 40 милиони долари исто така делува многу реално. Доколку развојниот тим продолжи да објавува нов контент, вклучително и следниот Battle Level Bundle и Immortal Treasure колекциите, тогаш не би требало да има проблеми TI10 да го надмине рекордот од 34.330.068 долари.