Тимот на Бекам, Guild Esports, претстави своја колекција на облека

Бекам Guild Esports

Пред нас е можеби почеток на една нова ера за еспортс производите, благодарение на Дејвид Бекам, односно Guild Esports. Еспортс организацијата на фудбалската мегаѕвезда ја претстави својата колекција на облека Patch 0.0.1, која ја креираше познатиот лондонски дизајнер Фергус Парсел.

Младиот тим го лансираше првиот модел опсег во ограничено издание, кое се одликува со графички детали креирани од еден од најдобрите и најпочитуваните дизајнери за скејтерска облека во Европа.

Во онлајн Guild Esports продавницата можете да ја пронајдете ексклузивната колекција на дуксери, маички, капи, привезоци и марами. Сите овие производи се украсени со препознатливото лого на Guild Esports.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Како што може да се очекува од моден бизнис основан од Бекам, тука не станува збор за едноставно принтање на логото на Guild на маички од пазар. Не, напротив, Guild Esports таргетираат со висок квалитет, а тоа може да се забележи по високо квалитетниот принт, упорноста да се користат одржливи материјали, и секако, ангажирањето на Пурсел за целиот овој проект.

„Ја следев работата на Фергус некое време и ми се допаѓа логото на Guild, како и графичките решенија кои тој ги креираше за нас. Во Guild, ние имаме мисија да изградиме култура на исклучителност и врвност во се што правиме, па како еден од најдобрите и легендарни стритвер дизајнери од Лондон, Фергус беше идеален додаток како наш креативен партнер“, изјави Бекам.

Бекам колекцијата на Guild Esports преку видео клип ја најави на својот официјален Instagram профил. Guild Esports е основан во јуни 2020 година и веќе е на патот да стане една од најуспешните организации на целата еспорт сцена.